Де Брујне го мина Давид Силва по бројот на асистенции во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, го надмина рекордот на поранешниот клупски играч Давид Силва по бројот на асистенции.

На вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед (6-3) Белгиецот имаше две асистенции, сега има 94 асистенции на 218 премиерлигашки натпревари. Така, играчот од средниот ред го собори рекордот по бројот на асистенции за клубот, кој претходно му припаѓаше на Давид Силва. Шпанецот додека настапуваше за Манчестер Сити имаше 93 асистенции. За одбележување е тоа што Белгиецот одигра 91 натпревар помалку од Силва.

По осум кола од актуелната сезона во Премиер лигата, Де Брујне има еден гол и осум асистенции за клубот.