Де Брујне изненаден: Не знам зошто сум прогласен за играч на натпреварот
Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Белгија, Кевин де Брујне е прогласен за најдобар играч на средбата од првото коло на групната фаза против Канада кој заврши со резултат 1:0. Фудбалерот на Манчестер Сити мисли дека тој не е најзаслужниот фудбалер за победата на неговата селекција.
Единствениот погодок на средбата го постигна напаѓачот на Фенербахче, Мичи Батшуаји, а претходно голманот на Белгија, Тибо Куртоа во 11. минута од средбата успеа да му одбрани пенал на Дејвис од Канада.
„Не мислам дека одиграв добар натпревар. Не знам зошто ја добив оваа награда. Можеби поради моето име“, истакна Де Брујне после натпреварот.
Наредниот натпревар на Белгија е во недела против Мароко.