Де Брујне има акутна скршеница на носната и јагодичната коска
Фудбалерот на Манчестер Сити Кевин де Брујне кој се повреди на вчерашниот дуел со Челзи во финалето на ЛШ и мораше да го напушти теренот за да биде пренесен во болница, утрината првпат се огласи на социјалните мрежи.
„Се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна скршеница на носната коска и на јагодичната коска. Засега се чувствувам добро. Уште сум разочаран поради вчерашниот натпревар, но, ние ќе се вратиме“, порача Белгиецот.
Медиумите во неговата татковина објавија дека Де Брујне ќе мора да паузира најмалку три недели и дека ќе пропушти дел од мечевите на ЕП.