Де Брујне нема ништо против одржување на Светско првенство на 2 години

За фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, идејата за одржување Светско првенство на секои две години не е лоша.
Оваа идеја како предлог дојде од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е шеф за глобален развој на ФИФА, но беше критикувана од УЕФА и англиската Премиер лига.
Репрезентативецот на Белгија, Де Брујне неодамна имал средба со Венгер и побарал подетални информации за неговиот предлог – „За да се реализира вакво нешто мора да се координираат федерациите на сите земји, како и УЕФА и ФИФА. Сите треба да работат заедно, но главна работа е ние како фудбалери да имаме вистински период за одмор на крајот од сезоната. Самата идеја не е лоша но треба да добиеме повеќе детали“, изјави Кевин Де Брујне.