Де Брујне одлучи да остане во Наполи

Белгискиот фудбалер, Кевин де Бруин, нема намера да ја менува средината и затоа ќе остане во екипата на Наполи.
Тој одлучи со семејство да го продолжи престојот во Италија и да го поправи впечатокот од претходната сезона кога главно се соочуваше со повреди.
За потписот на ветеранот беа заинтересирани екипи од САД и тоа пред се Чикаго Фаер, Сан Диего па дури и Интер Мајами на Лео Меси.