Де Брујне потврди дека летово заминува од Сити

По десет години Кевин де Брујне го напушта Манчестер сити.

Белгиецот своето заминување го потврди на социјалните мрежи објавувајќи порака со која се збогуваше со клубот каде што ги помина најдобрите денови од кариерата.

„На секоја приказна и доаѓа крајот“, потврди Де Брујне меѓу другото во пораката.

Во редовите на Манчестер сити Де Брујне пристигна во 2015 година од Волфсбург и за десет години на „Етихад“ успеа да освои 16 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата, но и Лигата на шампионите во 2023 година.

Ако се верува на најавите во странските медиуми во изминатите денови Де Брујне кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата или Саудиска Арабија.