Де Брујне по само една сезона заминува од Наполи

Кевин Де Брујне би можел да го напушти Наполи по само една година во клубот, објавуваат странските медиуми.
Според весникот „Л’Екип“, играчот од средниот ред и челниците на италијанскиот шампион се подготвени да ја прекинат соработката, а ангажирани се посредници за да се најде нов клуб за искусниот фудбалер.
Турција и Саудиска Арабија се споменуваат како најреални дестинации.
Де Брујне пристигна во Наполи минатото лето како слободен агент откако му истече договорот со Манчестер Сити, иако во тоа време се шпекулираше дека би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Сепак, неговото време во Неапол не помина како што се очекуваше. Белгиецот го пропушти поголемиот дел од сезоната поради сериозна повреда, а по враќањето на теренот не беше задоволен од стилот на игра што го наметна тогашниот тренер Антонио Конте.
Доаѓањето на Макс Алегри на клупата на Наполи дополнително ги разгоре шпекулациите за заминување, со оглед на тоа што италијанскиот стручњак е познат по својот дефанзивно ориентиран пристап.
Де Брујне наполни 35 години минатиот месец и има договор со Наполи до јуни 2027 година, со можност за продолжување на договорот за уште една сезона.