Де Брујне: Сега сме само на половина пат до финале
Манчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“, го отвори патот кон финалето, но Кевин Де Брујне кој реализираше еден гол смета дека ништо не е готово.
„На полувремето се договоривме да играме повеќе со топката, побрзо да стигнеме до зоната од каде можеме да бидеме опасни, морам да кажам, ова е само половина пат до финалето, не очекува реванш, ништо не е готово“ – изјави Де Брујне.
Де Брујне беше еден од најдобрите индивидуалци на теренот во Париз и еден од најзаслужните во тимот на Пеп Гвардиола за направениот пресврт и големата победа против ПСЖ на гостински терен.
