Де Брујне се израмни со Џерард по бројот на асистенции во Премиер лигата
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне се израмни со фудбалерот на Ливерпул и легенда на оваа екипа Стивен Џерард по бројот на асистенции во натпреварите од шампионатот на Англија.
Белгиецот вчера, на натпреварот од 8. коло од Премиер лигата со Вулверхемптон (3-0) успеа да дојде до ова достигнување.
31-годишниот играч од средниот ред им асистираше на соиграчите во два од трите гола. Де Брујне во кариерата има 92 асистенции во англиската Премиер лига. Белгискиот репрезентативец по овој показател се израмни со легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. За одбележување е тоа што на Кевин му беа потребни 287 натпревари за да го направи сето ова, а на поранешниот фудбалер на „црвените“ – 504 натпревари.
Лидер по бројот на асистенции во историјата на првенствата на Англија е поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс. Во кариерата има 162 асистенции во Премиер лигата.