Де Врај од Интер прва трансфер желба на Конте

Конте е силно заинтересиран во Тотенхем да го доведе дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај. 30-годишниот Холанѓанец влезе во последната година од договорот и одби да го продолжи договорот со Интер, па во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Тотенхем ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на лето како слободен агент.

Конте е во потрага по искусен стопер и верува дека Холанѓанецот ќе биде идеално засилување за тимот, особено поради фактот што одлично го познава.

Де Врај сака да игра во Премиер лигата и е спремен да ја прифати понудата на „Спарси“.