Де Вриј доби нов договор на „Сан Сиро“

Интер потпиша договор за продолжување на договорот со Стефан де Вриј, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.

Според изворот, договорот ќе биде со важност до јуни 2025 година со можност за продолжување за следната сезона. Наскоро се очекува и официјално соопштение. Стефан де Вриј останува и покрај обидите на клубови од Саудиска Арабија да го купат.

Во сезоната 2022/23, Де Вриј одигра 38 натпревари за Интер во сите натпреварувања во кои постигна еден гол. Актуелниот договор на играчот со миланскиот клуб истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 8 милиони евра.

Да потсетиме дека во сезоната 2022/2023, Интер го зазеде третото место во италијанското првенство, освојувајќи 72 бода, а стигнаа и до финалето на Лигата на шампионите, губејќи од Манчестер Сити со 1-0 во финалето.