Де Геа чека поволна понуда да се врати меѓу стативите

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој направи подолга пауза од фудбалот, планира да се врати меѓу стативите.

Според дел од неговите најблиски, Шпанецот по пауза од 4-5 месеци, започнал да тренира бидејќи имал неколку понуди од Шпанија но, претпочита да го чека вистинскиот момент.

Претходно имаше најава дека Де Геа може да замине во САД но, очигледно тоа нема да се случи.