Де Зерби го носи најдобриот фудбалер на Ватфорд во Брајтон
Брајтон се договори за рекордна сума од околу 30 милиони фунти да го купи напаѓачот на Ватфорд, Жоао Педро.
Педро формално ќе го заврши трансферот откако ќе се отвори трансфер прозорецот во јуни. Бразилецот има 11 гола и четири асистенции во 35 натпревари во првенството оваа сезона.
21-годишниот играч беше намета на повеќе клубови од Европа меѓу кои Брајтон и Њукасл беа најголеми фаворити за неговиот потпис.