Де Зерби: Интер се однесуваше арогантно и затоа прими пет гола од ПСЖ

Тренерот на Олимпик Марсеј, Италијанецот Роберто де Зерби, во изјава за италијанските медиуми даде свое мислење за дебаклот на Интер од ПСЖ (0:5) во финалето во Лигата на шампионите.

Де Зерби бил гостин во подкастото „Супернова“ на радио водителот Алесандро Кателано. Тренерот на Марсеј смета дека Интер премногу аригантно влегол во дуелот со ПСЖ.

„Интер е одличен тим, а Инзаги е одличен тренер и навистина немаше причина да загубат со пет гола разлика. Мислам дека проблемот е што италијанскиот фудбал не го запозна ПСЖ многу добро, имаше тука многу ароганција“, вели Де Зерби.

Де Зерби е некој што многу добро го познава ПСЖ, сите квалитети и слабости на тимот, кои не се непознати за другите тренери, па затоа беше изненаден што Интер не направил добро скаутирање на деталите од играта на францускиот тим.

„Тие не знаеја, на пример, дека ПСЖ почнува од центарот како во рагби, или дека Дембеле постојано се демне на работ од шеснаесетникот, или дека Дуе е талент на ниво на Јамал, иако не е до таа мера одлучувачки фактор. Тие не сфатија дека Витиња сега е веројатно најдобриот играч од средниот ред во светот, не го проценија добро квалитетот на Невеш. Во Италија, никој не напиша ниту еден ред за второто место на мојот Марсеј и ја игнорираа Лига 1, која е многу тешка. Лил беше во осминафиналето во Лигата на шампионите, Брест беше веднаш под ПСЖ, Монако со играч помалку загуби од Интер, истиот тој Монако ја победиБарселона. Можете да видите што се случи со Италија во Норвешка“, алудираше тој на уште еден дебакл на италијанскиот фудбал, во овој случај на националниот тим.