Де Зерби фаворит за испразнетото место во Тотенхем

Италијанскиот тренер Роберто Де Зерби се смета за водечки кандидат за испразнетото место на менаџер на Тотенхем. Според извори од Англија, Тотенхем е во активни преговори со 46-годишниот менаџер и инсистира тој да го преземе тимот што е можно поскоро. Клубот наводно е подготвен да му понуди на Де Зерби долгорочен договор.

Претходно Тотенхем го објави заминувањето на Игор Тудор од функцијата главен тренер. Хрватот и неговите помошници, Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи, го напуштија клубот со меѓусебна согласност. Тудор беше на чело на тимот од средината на февруари. Де Зерби го напушти Марсеј во февруари, раскинувајќи го договорот по меѓусебна согласност.