Де Лаурентис горд на преодниот рок на Наполи
Новите имиња во редовите на Наполи, Квича Кварацелија, Џакомо Распадори, Ким Мин-Јае, Франк Ангиса, Матиас Оливера и Џовани Симеоне, многу брзо се вклопија во екипата.
Наполитанците имаат одличен почеток на сезоната и го запоседнаа врвот во Серија А. Во Лигата на шампионите исто така нижат само победи а тоа го радува првиот човек на тимот, Де Лаурентис.
„Во преговорите бевме попаметни и побрзи од нашите конкуренти. Кога градите тим, треба да ги комбинирате психологијата, интелектот и физиката“, изјави Де Лаурентис.