Де Лаурентис: Осимен може да го напушти Наполи со обештетување од 170 милиони евра
Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, соопштил оти напаѓачот Виктор Осимен вреди најмалку 170 милиони евра.
Според Де Лаурентис, ретко кој клуб од Европа во овој момент може да плати 170 милиони евра за Нигериецот, но првиот човек на Наполи вреди за секој цент.
Според медиумите од Италија, Осимен ќе биде еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок, а најголем интерес за негов ангажман покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и баерн Минхен.
Нигерискиот напаѓач е член на Наполи од 2020.година, а во Италија пристигна од Лил за 75 милиони евра.