Де Лаурентис: Халанд беше пред потпис со Наполи
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека сакал да го купи Ерлин Халанд додека играше за Салцбург. „Бев на прагот да го купам Халанд за 50 милиони евра.
Официјалната понуда беше дадена но, Мино Раиола ми рече: Ќе се пресели во друг клуб“. Ги прекинав преговорите и тоа беше крајот“, изјави Де Лаурентис.
Во јануари 2020 година Халанд се пресели во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра а две години подоцна замина во Манчестер Сити. Дoсега за „граѓаните“ постигна 79 голови на 83 натпревари.