Де Ла Фуенте го враќа Рамос во репрезентацијата

После две години отсуство од националниот тим поради лошите односи со екс-селекторот Луис Енрике, Серхио Рамос повторно би можел да биде дел од „црвената фурија“, најавуваат шпански медиуми.

Луис Де ла Фуенте, доскорешниот селектор на младинската репрезентација го наследи Луис Енрике и наскоро ќе треба да го објави списокот за стартот на евроквалификациите, а според шпанските медиуми, веќе разговарал со Рамос за евентуално враќање на искусниот стопер во националниот тим.

Ова и самиот Де ла Фуенте го признал меѓу редови, посочувајќи дека ќе го избира најдоброто и секој што е во најдобра форма за да помогне, без притоа да ги дели фудбалерите, на стари или млади.