Де Лихт се договорил со Баерн Минхен
Како што јавуваат медиумите во Германија и Англија, еден од најдобрите фудбалски дефанзивци во светот, 22-годишниот Матијс де Лихт ќе го напушти Јувентус ова лето.
Според објавите, Де Лихт ги договорил личните услови со гигантот Баерн Минхен. Сега останува само Баварците да постигнат договор со Јувентус околу висината на обештетувањето.
Клубот од Торино за Де Лихт бара 90 милиони евра, а Баерн се надева дека ќе успее да ја намали цената за фудбалерот чиј договор со бјанконерите му истекува за две години.