Де Минаур има повреда на колкот, го откажа турнирот во Хонг Конг

Австралијанецот Алекс де Минаур се откажа од егзибицискиот турнир на UTS во Хонг Конг.

„Сè уште имам многу болки во колкот. Повредата на колкот што ја добив минатата година на Вимблдон (скината ‘рскавица во аддуктивниот мускул) ме остави надвор од терените долго време. Затоа не можам да ризикувам. Минатата година бев надвор од терените речиси три или четири месеци, а остатокот од сезоната го играв со болки. Сега има предупредувачки знаци и треба да се осигурам дека сè е во ред. Не сакам истите проблеми што ги имав минатата година. Треба да бидам паметен и да се грижам за моето тело. Почнав да чувствувам болка на крајот од турнирот во Пекинг. Имав влошување на болката, а во Шангај играв со лекови против болки за да го дадам мојот најдобар настап. Секако, чувствував дека нешто не е во ред. Се надевав дека болката е предизвикана од некое незгодно движење и дека ќе се подобри за неколку дена. Но, натпреварите продолжија, ништо не се промени, па сега треба што поскоро да направам рендген за да сфатам што се случува. Треба да знам во што е овој проблем и зошто сè уште ме боли. Откако ќе разговараме со тимот и лекарите, ќе можеме да го утврдиме нашиот план за остатокот од сезоната. Во моментов има многу прашања и неизвесности, па затоа треба да направам мала пауза и само да набљудувам. Секако, мојата цел сега е да се подготвам за финалето на АТП“ изјави Де Минаур кој моментално е седми во трката за настап на завшрниот турнир.