Де Роси подготвува чистка во Рома
Штедењето на Рома ќе биде присутно и во следните неколку години.
„Волчицата“ ќе мора да внимава со доведување на нови фудбалери
поради големиот број играчи на платниот список.
Неколку фудбалери би требало да го напуштат Рим на крајот од оваа
сезона, а како што пренесува „Газета“ на некои нема да им бидат
обновени договорите за позајмица, а на други ќе им завршат. Расмус
Кристенсен, тој ќе се врати во Лидс, Ренато Санчез во ПСЖ, а
Хјусеин во Јувентус.
Нови договори нема да им бидат понудени на Руи Патрисио и Пјетро
Буро, голмани кои ќе бараат нова средина.
Рома ќе претрпи повеќе промени бидејќи нема да го купи Лукаку од
Челзи за 43 милиони евра, меѓу другото и поради тоа што платата на
овој фудбалер е превисока (13,8 милиони евра на годишно ниво).
Покрај тоа, има играчи на позајмица во Рома како Анхелињо,
Љоренте и Азмун кои многу лесно би можеле да го напуштат клубот.
Исто така, Леонардо Спинацола е фудбалер чиј агент во јануари
изјави дека ќе го напушти клубот, но можеби работите сега се
промените бидејќи Де Роси по доаѓањето на клупата посериозно
смета на него.