Де Јонг не е спремен, веројатно мора на нова операција
Играчот од средниот ред на Барселона,Френки де Јонг, се уште не може целосно да се опорави од тешката повреда која ја доби пред неколку месеци на дербито со Реал Мадрид.
Во април годинава Холанѓанецот се повреди по дуелот со Валверде, а повредата го спречи да учествува и на ЕП 2024.
Иако оттогаш поминаа неколку месеци, Де Јонг се уште чувствува болки во скочниот зглоб и не може да тренира. Во моментов медицинскиот штаб на Барселона спроведува конзервативен третман на фудбалерот, но се чини дека ситуацијата не оди најдобро. Де Јонг ќе мора да оди на операција за целосно да се реши проблемот.