Де Јонг размислува за заминување, Барса мора да продава
Во Барселона неодамна силно одекна веста дека Чави Ернандез си заминува на крајот од сезоната, меѓутоа тој веројатно нема да биде единствениот кој ќе ги напушти редовите на каталонскиот гигант.
Од претходно се најавува дека клубот ќе го напуштат Рафиња, Торес, Араухо и Кристенсен, меѓутоа ново име на оваа листа е Френки Де Јонг. Наводно Холанѓанецот изразил желба да ја напушти Барселона.
Од друга страна извори блиски до Барселона наводо тврдат дека Барселона и би можела да му дозволи да замине доколку за него пристигне адекватна понуда.
Во договорот на Де Јонг има откупна клазула во износ од 400 милиони евра и јасно е дека тоа е премногу, сумата која се споменува е околу 100 милиони евра.
Интерес за Де Јонг претходно покажал тимот на Манчестер Јунајтед.