Де Јонг ќе ја скокне Валенсија, неизвесен за дебито во ЛШ

Барселона официјално објави дека играчот од средниот ред Френки де Јонг е повреден. Холандскиот играч од средниот ред ја заработи повредата за време на тренинг кампот на својата репрезентација, поради што не играше на гостувањето против Литванија, кое „лалињата“ го добија тешко со 2-3.
„Играчот Френки де Јонг претрпе лесна повреда на надворешниот обтураторен мускул на десната нога. Неговото закрепнување ќе одреди дали ќе може да игра“, се вели во соопштението на Каталонците. Играчот од средниот ред се врати во Барселона и во последните денови беше подложен на обемни тестови.
Според информациите од „Мундо Депортиво“, повредата на 28-годишниот играч од средниот ред навистина не е многу сериозна, но тој денес не тренираше во базата на клубот и најверојатно нема да игра на домашниот натпревар против Валенсија во недела во Ла Лига. Барселона не сака да ризикува со неговото предвремено враќање во игра, со цел Де Јонг да се опорави што е можно подобро и да биде подготвен за важниот натпревар на гости против Њукасл во четврток, 18 септември, во првиот натпревар од Лигата на шампионите.