Дибала бара висока плата за продолжување со Јувентус
Пауло Дибала бара од Јувентус во новиот договор да ги израмни неговите примања со Матијс Де Лихт, јавуваат италијанските медиуми додавајќи дека се јавија проблеми во преговорите помеѓу двете страни.
Годишната плата на Де Лихт во Јувентус е девет милиони евра, а со бонуси расте и до 12 милиони евра, што го прави најплатен играч во клубот.
Јувентус на Дибала во моментот му нуди девет милиони евра со вклучени бонуси.
Договорот на 27-годишниот Аргентинец со торинскиот клуб е до крајот на оваа сезона.