Дибала ги одби милионите од Саудиска Арабија и останува во Рим
Пауло Дибала беше на чекор од трансфер во Саудиска Арабија, но во последен момент одлучи да ја одбие богатата понуда.
Дибала имаше понуда од 75 милиони евра на маса од саудискиот клуб Ал-Кадсиах. Тој ја прифатил понудата, па дури и се збогуваше со фановите на Рома.
Меѓутоа, во последен момент одлучи да го стопира трансферот и одлучи да остане во Рома.
Укажаната љубов од навивачите на Рома го натерале да ја преиспита одлуката па Дибала ги одби парите на шеиците и реши да остане на „Олимпико“.