Дибала го продолжи договорот со Рома

Рома официјално потврди дека Пауло Дибала потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година.
Аргентинскиот репрезентативец формално беше слободен агент во текот на првата половина од јули, бидејќи неговиот претходен договор истече на 30 јуни, но „волчицата“ и искусниот офанзивен играч постигнаа договор за продолжување на соработката.
Според италијанските медиуми, 32-годишниот Дибала се согласил на значително намалување на приходите за да остане на „Олимпик“.
Трансфер експертот Џанлука Ди Марцио наведува дека е потпишан едногодишен договор, без опција за продолжување, според кој Аргентинецот ќе заработува нешто помалку од три милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси.
Минатата сезона Дибала беше најплатениот фудбалер на Рома со нето плата од околу осум милиони евра годишно.
Рома ја потврди веста за продолжување на соработката со официјално соопштение:
Откако пристигна во Рим во летото 2022 година, Дибала веднаш ги освои срцата на навивачите на Рома. Во 139 натпревари, тој постигна 45 гола и се потврди како еден од клучните играчи на тимот.
„Приказната за Рома и „Ла Хоја“ продолжува, а пред нас се нови поглавја. Напред заедно, Пауло!“, се наведува во соопштението за медиумите на римскиот клуб.
Дибала запиша седум асистенции и два гола на 22 натпревари во Серија А минатата сезона, во која имаше многу проблеми со повредите.