Дибала започна со тренинзи, ќе биде во комбинација за Каљари

Аргентинскиот интеранационалец и репрезентативец, Пауло Дибала, ги продолжи тренинзите со Рома, објави клубот.
Денес, аргентинскиот напаѓач тренираше по индивидуална програма, но утре и сабота ќе тренира заедно со своите соиграчи. Дибала беше болен од грип.
Така, Дибала ќе му биде на располагање на тренерот Џан Пјеро Гасперини за натпреварот со Каљари во Серија А, кој ќе се игра во недела.
Томазо Балданци, кој исто така е болен од грип, ќе отсуствува од тимот на Рома за претстојниот натпревар.