Дибала мора на операција, се враќа дури следната сезона

Повредата на Пауло Дибала сепак е посериозна отколку што се претпоставуваше и за Аргентинецот сезоната е завршена.
Дибала се повреди во натпреварот против Каљари кога влезе во игра во второто полувреме, но по само неколку монути мораше да биде заменет.
Првичните најави беа дека Дибала ќе паузира од 4-6 недели, меѓутоа повредата била посериозна и тој ќе мора да оди на операција. Аргентинскиот фудбалер се здобил со сериозно мускулно оштетување и од клубот одлучиле дека е најдобро да оди на операција со цел да се реши проблемот.
Пауло Дибала го продолжи договорот со Рома изминатиот јануари, а новиот е со важност до следното лето.