Дибала неизвесен за финалето на Лига Европа против Севиља
Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, тешко се опоравува од повредата. Тоа се лоши вести пред финалето во Лигата на Европа против Севилја.
Аргентинецот нема да игра на мечот со Фиорентина во текот на викендот во Серија „А“, тврдат медиумите во Италија.
Според нив, искусниот напаѓач веројатно нема да игра и на 31 мај во финалето на Лига Европа против шпанскиот тим кој патем кажано е „специјалист“ за трофеи во таа конкуренција.