Дибала пак се повреди, го чека пауза од една недела

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала поради повреда ќе биде надвор од терените околу еден месец. Аргентинскиот интернационалец заработи повреда на бутот на натпреварот против Каљари (1:0) викендов, а лекарските прегледи потврдија дека се работи за истегнување кое ќе бара долго закрепнување, објави „Скај Италија“.

Дибала одигра само 13 минути на натпреварот против Каљари. Тој влезе во игра во 64. минута на местото на Матијас Суле, но беше принуден да биде заменет со Николо Пицили во 75. минута поради повреда.

Првично, постоеше загриженост дека проблемот е поврзан со коленото, што му предизвикуваше тешкотии во последните недели. Подоцна, сепак, стана јасно дека овој пат повредата е на бутот.

Се очекува 31-годишниот Аргентинец да се врати на терените најрано кон средината на април. Тој испадна од селекцијата на Аргентина за квалификациите за Светското првенство со Уругвај и Бразил, а сигурно ќе ги пропушти и натпреварите на Рома против Лече и Јувентус, оставајќи минимални шанси да биде на располагање за дербито со Лацио кое е закажано за 13 април.