Дибала со нови тестови во обид да игра на Мундијалот
Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, во текот на викендот ќе биде подложен на серија медицински тестови за да се утврди дали ќе може да настапи на Светското првенство во Катар.
Фудбалерот заработи повреда при изведување на пенал на мечот со Лече на 9 октомври. Првичните проценки велеа дека Аргентинецот ќе мора да паузира најмалку четири недели.
Селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони, утре ќе го објави поширокиот состав за Светското првенство. На истиот веројатно ќе фигурира и Дибала иако неговиот настап ќе биде до крајот неизвесен.