Диего Карлос од Севиља е прва желба на Реал Мадрид
Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец. Иднината на Серхио Рамос е нејасна, но без разлика дали капитенот ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“, сепак „кралевите“ сакаат да донесат нов дефанзивец. Милитао не ги оправда очекувањата, па Зидан сака да донесе нов врвен дефанзивец, а примарна цел е Диего Карлос од Севиља. 27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.