Диего Коста и официјално е нов играч на Вулверхемптон
Фудбалскиот клуб Вулверхемптон соопшти дека потпиша договор со напаѓачот Диего Коста. 33-годишниот фудбалер остана без клуб откако во јануари го напушти бразилскиот Атлетико Минеиро, а со популарните Волци потпиша договор до крајот на сезоната. Коста лекарските прегледи ги мина минатата недела после што ја доби и потребната работна дозвола, па така тој ќе биде замена за Саша Калајџиќ кој доживеа тешка повреда на своето деби во дресот на Вулверхемптон. Коста во својата кариера има забележано 500 настапи, има освоено 12 трофеи, од кои две титули во Премиер лигата со Челзи и две Примери со Атлетико Мадрид.