Диего Коста потпиша договор со Вулверхемптон
Поранешниот бразилски и шпански репрезентативец, Диего Коста, потпиша договор со Вулверхемптон до јуни 2023 година, соопштуваат од англискиот премиерлигаш.
33-годишниот Коста потпиша договор со клубот откако ја доби потребната работна дозвола и ги помина лекарските прегледи. Тој во својот нов тим ќе биде замена за напаѓачот Саша Калајџиќ кој поради повреда ќе мора да паузира неколку месеци.
Диего Коста беше без ангажман од јануари, кога му истече договорот со Атлетико Минеиро. Тој претходно има настапувано за Атлетико Мадрид, Челзи, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Албасете, Селта, Брага и Пењафиел.