Диего Кошта од Порто е замената за Едерсон во Сити

Манчестер Сити планира голема ревизија на својот тим ова лето, бидејќи нивните резултати оваа сезона не ги надминаа очекувањата, а еден од оние кои треба да го напуштат „Етихад“ е бразилскиот голман Едерсон.

Едерсон е посочен како еден од седумте играчи кои ќе ја сменат средината на лето, бидејќи стручниот штаб на чело со Пеп Гвардиола не е задоволен од неговите настапи оваа сезона, а според англиските медиуми неговата замена би требало да дојде од Португалија.

Првизбор за стартно голманско место на Манчестер Сити е Диого Кошта од Порто, а според информациите на Островот, „граѓаните“ веќе оствариле контакт со португалскиот репрезентативен голман.

Кошта има договор со Порто до 2027 година, а според некои извори неговата откупна клаузула е околу 75.000.000 евра.

За потсетување, и Едерсон во Сити пристигна од Португалија, но од Бенфика, која на неговиот трансфер во 2017 година заработи 40.000.000 евра./МИ