Диего Симеоне нов фаворит за тренер на Париз Сен Жермен

Францускиот весник „Лекип“ тврди дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е нов фаворит за наследник на Маурицио Почетино во Париз Сен Жермен.

Во клубот од Париз на аргентинскиот стручњак гледаат како идеална опција за тренерската позиција во тимот. Симеоне има договор со Атлетико до 2024 година, и е еден од најдобро платените тренери во светот.

Како други имиња кои од поодамна се споменуваат како можни нови тренери на ПСЖ се Зинедин Зидан, Симоне Инзаги и Ерик тен Хаг.