Дилема за Суарез – дали ќе направи „Рамос“ потег?
Атлетико Мадрид денеска игра со Леванте, тимот кој ги намачи во претходното коло кога одиграа само 1:1. Денеска се среќаваат повторно, но Атлетико сега не смее да се опушта, бидејќи лидерот во шампионатот два пати ремизираше во последните три кола. Сега следи важен период, после Леванте следи мечот со Челзи во Лигата на шампионите, па средбата со Виљареал и дербито на Мадрид против Реал Мадрид, па тука се поставува прашањето што ќе прави Суарез? Уругваецот е на еден жолт картон од суспензија во Примера, а шпанските медиуми наведуваат дека најдобриот стрелец на лигата ќе настапи против Леванте и во таа прилика намерно ќе добие жолт картон, како би „одморил“ против Виљареал, со што нема да го загрози настапот против Реал Мадрид. Ова знаеше често да го прави Серхио Рамос пред важни натпревари, а останува да видиме каков ќе биде договорот на Симеоне и главниот играч на „јорганџиите“.