Димарко го продолжи договорот со Интер до 2027 година


Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Федерико Димарко го продолжи денес договорот со актуелниот лидер во Серија А, Интер, до 2027 година.

Димарко потекнува од академијата на Интер за кој дебитираше во декември 2014, на 17-годишна возраст.

Продолжи како позајмен играч во Асколи и Емполи, по што мина една сезона во швајцарски Сион, пред Интер повторно да го позајми на Парма и Верона.

Во дресот на Интер, 26-годишниот Димарко постигна девет голови на 83 натпревари, а од лани е и италијански репрезентативец.