Димитар Митровски ја замени Хрватска со Словенија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски од денеска и официјално е нов фудбалер на словенечкиот шампион Олимпија. Митровски кој сезоната ја заврши во екипата на Вараждин и тоа како еден од најдобрите фудбалери во хрватското првенство, утрово стави потпис на договор со Олимпија која ова лето ја очекуваат настапи во УЕФА Лигата на шампионите.
Како што објавија од Олимпија, Митровски потпиша договор со словенечкиот првак до 2028 година. Според словенечките медиуми станува збор за рекорден трансфер во историјата на клубот, најверојатно за сума на обештетување од 1 милион евра за последната година од договорот на Митровски со Вараждин.
26-годишниот репрезентативец на Македонија постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра значајна улога во историскиот квалификациски пат на Вараждин за Конференциската лига.