Димитар Тодоровски го продолжи договорот со Вардар

Екипата на Вардар продолжува да работи на задржување на постоечкиот ростер на играчи со тоа што потпиша нов договор со Димитар Тодоровски.
Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство.
На зедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, страните ја обновија соработката и потпишаа нов договор до јуни 2028 година.
23-годишникот дојде во Вардар од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Работнички.