Димитриевски блесна во победата на Валенсија во Билбао

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“ и е најзаслужен за денешната победа на неговиот тим Валенсија на гостувањето кај Атлетик Билбао.
Ова беше натпревар од 35-то коло на шпанското фудбалско првенство.
Умар Садик го постигна единствениот гол во 72. минута, Димитриевски во неколку наврати го спаси својот гол.
Алетик Билбао моментално има 44 бода и е на деветтото место на табелата во Ла Лига. Валенсија, со 42 бода, е на 12. место.
Атлетик Билбао ќе игра против Еспањол на гостински терен на 13 мај, додека Валенсија ќе биде домаќин на Рајо Ваљекано на 14 мај.