Димитриевски доби нов договор на „Местаља“

Шпанска Валенсија денес и официјално потврди дека го продолжи договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за уште две сезони. Она што веќе беше најавено, денеска и официјално е потврдено од шпанскиот тим. Столе останува на „Местаља“ до јуни 2028 година.

Од неговото пристигнување во 2024 година, Димитриевски одигра вкупно 33 официјални натпревари со дресот на Валенсија.

„Неговото искуство и цврстина на голманската позиција придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и ги подобрија резултатите во втората половина од минатата сезона“, велат од Валенсија.