Димитриевски нема да брани против Малта
Македонската фудбалска репрезентација во вторник одново ќе се бори за бодови во квалификациите за следното Европско првенство.
Нашите репрезентативци веќе се во Малта, каде ќе пробаат одново да ја совладаат најслабо рангираната селекција во нашата група, но тоа ќе мораат да го сторат без помошта Столе Димитриевски.
Столе Димитриевски поради болка во грбот (повреда здобиена на мечот со Италија) нема да биде во комбинација за настап против Малта на утрешниот натпревар.
Селекторот Благоја Милевски дополнителни го повика Давор Талевски во А селекцијата. Голманот на ФК Шкендија веќе пристигна во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг (19:00 часот) заедно со тимот.