Димитриевски опција за голманското место во Барса
Каталонскиот „Спорт“ најавува дека македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски е опција за Барселона по повредата на Тер Штеген кого го чека долга пауза.
Тер Штеген се повреди во натпреварот со Виљареал за викендот и според најавите веројатно ќе паузира околу осум месеци.
Димитриевски е опција за во јануари, но се споменуваат уште Алваро Ваљес и Ѓиљерме Растес. Во Барселона планираат Инаки Пења да го чува голот до јануари, а по отворањето на зимскиот преоден рок да ангажираат ново име.
Ќе потсетиме, Димитриевски летово пристигна во Валенсија, но се уште не дебитирал во Ла Лига бидејќи е резерва на Грузиецот, Мамардашвили.