Димитриевски: Секој меч за репрезентацијата е важен и сакаме да победиме

Репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Република Ирска во Даблин, во дуел на двете селекции кои беа поразени во полуфиналето на плејофот за пласман на Светското првенство 2026. По поразот од Данска (4:0), следи нов предизвик во кој тимот ќе треба да се издигне и да реагира.

Голманот Столе Димитриевски истакнува дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори топки“, кои често имаат големо влијание врз текот на натпреварот.

„Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, особено кога играм во дресот на Македонија. Имаме два убедливи порази во последните два натпревари, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Доколку бидеме подобри во тој сегмент, ќе имаме повеќе напади од противникот, а ривалите нема да имаат толку удари кон нашиот гол. Работиме, разговараме, анализираме и мора да се подобриме“, изјави Столе Димитриевски.