Димитриевски се повреди на тренинг и го чекаат неколку недели пауза

Столе Димитриевски се повреди и ќе паузира. Поради недостигот на минутажа во Валенсија Македонецот бара нова средина, ама сега активностите на трансфер пазарот се ставени во мирување.
Македонскиот голман доживеа повреда на левото рамо на еден од последните тренинзи на Валенсија, поради што ќе мора да паузира и да оди на третмани и рехабилитација, информираа од клубот.
Ова значи дека и потенцијалниот трансфер ќе мора да почека, а неизвесно е и дали Димитриевски ќе биде целосно спремен за продолжението на квалификациите за СП 2026, каде е една од клучните фигури во македонската селекција.