Димитријевиќ го предводеше Хувентуд до уште една победа
Екипата на Хувентуд стигна до уште една победа во најсилната европска лига. На свој терен, во Бадалона, Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа многу подобри од Манреса. Славеа со повеќе од убедливи (96:68).во малото, регионално дерби.
Нашиот репрезентативен бек одигра уште еден сосема солиден меч. Го заокружи со реализација на 14.поени (1/4 за три, 2/4 за два, и 7/7 за еден поен). Плус и четири асистенции и еден скок за 21:38 минути во игра.
По ова 34.коло од „Ендеса“ лигата, Хувентуд има ефект (18-14) со кој е на 7. место на табелата. Но сега само една победа ги дели од едно место погоре каде во овој момент е екипата на Сан Пабло Бургос со скор (19-14).