Димитријевиќ и Олимпија Милано ја освоија Барселона

Олимпија Милано ја продолжи извонредната серија на резултати во Евролигата каде оваа вечер дојде до шестото славје во низа и тоа во „Палау Блауграна“ кај Барселона.

„Манекените“ триумфираа со 94-81 и тоа во средба во која клучна беше третата четвртина која гостите од Италија ја добија со 36:17, се стекнаа со двоцифрена предност која потоа без проблеми ја одбранија за деветто славје во 15. натпревар во ова натпреварување.

Ледеј беше во фантастичен ритам и уфрли 33 поени, Митровиќ го следеше со 19 кошеви и 7 скока. Нашиот Ненад Димитријевиќ беше активен 12 минути за кои реализираше 5 поени со 1 асистенција.

Пантер и Андерсон кај поразените искоомбинираа 38 кошеви.